Останати спортови ужас

Трикратен олимпиец избоден до смрт во Кенија

Трикратен олимпиец избоден до смрт во Кенија

Триесет и четиригодишниот атлетичар од Уганда, Бенџамин Киплагат, кој ја претставуваше својата земја трипати на Олимписките игри, пронајден е мртов во Кенија со повеќе убодни рани, објави британски BBC, цитирајќи локални извори.

Полуфиналистот на 3.000 метри стиплчејс на Олимписките игри во Лондон 2012 година и јуниорскиот светски вицешампион во истата дисциплина, наводно, бил пронајден во автомобил со убодни рани во градите и вратот, во близина на кенискиот град Елдорет, познат по својот врвен тренинг-центар за спортисти..

Кениската полиција соопшти дека започнала истрага за неговата смрт.Светската атлетска организација соопшти дека е „шокирана и тажна“ од веста за смртта на Киплагат.

Киплагат ја претставуваше Уганда на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, 2012 година во Лондон и 2016 година во Рио де Жанеиро.

To top