Останати спортови Париз

Триатлонот за мажи на Олимпијадата презакажан за утре поради загадувањето на Сена

Резервниот ден определен за 2 август останува на сила.

Триатлонот за мажи на Олимпијадата презакажан за утре поради загадувањето на Сена

Меѓународната унија за триатлон соопшти дека натпреварот во машка конкуренција на Олимпијадата 2024 година е одложен.

– По состанокот за квалитетот на водата и земајќи ги предвид најновите временски информации, машкиот триатлон натпревар, кој требаше да се одржи на 30 јули, е закажан за 10:45 часот на 31 јули. Истиот ден во 8 часот е предвидено да се одржи и женскиот триатлон“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, се известува дека пред двете пливања, водата ќе се тестира за да се осигура дека ги исполнува праговите за пливање на Светскиот триатлон. Резервниот ден определен за 2 август останува на сила.

Вчера, второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата беше откажано поради лошиот квалитет на водата во Сена. (МИА)

To top