Останати спортови

Три популарни спортови ќе бидат „избришани“ за ЗОИ во 2030 година

Три популарни спортови ќе бидат „избришани“ за ЗОИ во 2030 година

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо завршија, а многумина велат дека биле едни од најдобрите досега, но и покрај ова, се подготвуваат големи промени за 2030 година, кога ќе се одржат во Франција.

Дотогаш, дури три спорта би можеле да бидат забранети и отстранети од програмата.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) разгледува промени, а „Еуроспорт“ сега објавува дека боб-санкањето, скелетонот и санкањето би можеле да бидат забранети.

Наместо тоа, се разгледува воведување на експериментални спортови како што е циклокрос (возење велосипед по кал, снег или трева) и се верува дека тоа би било попрофитабилно за организаторите на Зимските олимписки игри, бидејќи специјалните патеки за боб-санкање, скелетон и санкање се скапи и чинат 118 милиони долари за Игрите во Милано и Кортина.

To top