Останати спортови

Трето место за Македонија на Балканското првенство за одбојкари до 18 години

Трето место за Македонија на Балканското првенство за одбојкари до 18 години

Македонската кадетска машка одбојкарска репрезентација оствари една победа и претрпе два порази на Балканијадата во Тирана со што заврши на третото место во конечното рангирање.

Избраниците на селекторот Ванче Санев (одбојкари родени 2007 и помлади) на почетокот на турнирот во Тирана ја совладаа домашната репрезентација на Албанија со 3:1, а потоа загубија во три сета од Србија и од Црна Гора.

На тој начин, Македонија беше бронзена во конкуренција на четири национални тимови, пред Албанија, а зад освојувачот Србија и второпласираната Црна Гора.

To top