Бах посочи дека мора да се намали говорот на омраза кон боксерката Хелиф, откако беше обвинета и осудена во јавноста.
„Имаме две боксерки кои се родени како жени, пораснале како жени и на кои во пасошот им пишува дека се жени. Некои сакаат да ја променат сликата на тоа. Говорот на омраза кон Хелиф е неприфатлив“, кажа Бах.