Останати спортови

Тимон Хауган победи на слаломот пред Мејар и Кристоферсен

Тимон Хауган победи на слаломот пред Мејар и Кристоферсен

Во Вал д’Изер Тимон Хауган ја продолжи норвешката доминација на легендарната патека „La Face de Bellevarde“, победувајќи на неделниот слалом и покрај тоа што се мачеше со силни болки во грбот.

Со ова, Хауган му ја расипа забавата на Швајцарецот Лоик Мејар, кој по победата во велеслаломот во саботата, беше на чекор до совршен викенд и „дабл“.

Подиумот го комплетираше уште еден Норвежанец, Хенрик Кристоферсен (+0.34), кој и покрај грешката во второто возење, успеа да стигне до третото место.

 

To top