Останати спортови ТОП 10

Тенисерките доминираат меѓу најплатените спортистки

На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21.1 милиони евра.

Тенисерките доминираат меѓу најплатените спортистки

Меѓу десетте најдобро платени спортистки во изминатата години дури седум се тенисерки.

На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21.1 милиони евра.

Зад неа е полската тенисерка Ига Швјонтек со вкупно инкасирани 20.2 милиони евра.

На третото место според заработувачката лани е кинеската скијачка во слободен стил Ејлин Гу, а од тенисерките во Топ 10 се најдоа и Британката Ема Радукану (четврто место), Јапонката Наоми Осака (5), Белорусинката Арина Сабаленка (6), Елена Рибакина од Казахстан (7) и Американката Џесика Пегула, на осмото место.  (МИА)

To top