Тажна вест го потресе регионот – загина Татјана Кременица ,поранешна тенисерка од Србија.
Поранешна тенисерка и некогашна селекторка на ФЕД купот на српската репрезентација, Татјана Јeчменица (47), загина во сообраќајна несреќа, пренесуваат медиумите од соседството.
Татјана загина во трагична несреќа што се случи вчера на клучката Орловача околу 20.50 часот во Белград, кога дојде до судир на транспортно и патничко возило.
Татјана е родена во Нови Сад и беше професионална тенисерка, а откако ја заврши кариерата и по работата како селекторка на ФЕД купот на репрезентацијата на Србија, работеше како тениски тренер и сопственик на школото „Јачменица“ во Нови Сад.
Во текот на својата кариера има освоено шест ИТФ турнири во сингл и три во парови, но немала титула на ВТА турнирите.
Татјана има настапувано на сите четири Гренд слем турнири, а најдобар резултат во кариерата имала на Ролан Гарос.