Најдобриот велосипедист на светот Тадеј Погачар потпиша спектакуларен договор со тимот на Емирати од Обединетите Арапски Емирати.
Словенецот потпиша договор со Емиратите до 2028 година и за тоа време ќе заработи 50 милиони евра.
„Овој тим е моето семејство. Емирати беа првиот тим што ме бараше кога бев дете. Во текот на моите шест години во клубот, возев со повеќе од 2.000 велосипедисти и генерално сум горд на се што сум направил со Емирати“, рече Погачар.
Колку словенечкиот велосипедист му значи на својот клуб можеби најдобро говори тоа што ставија откупна клаузула од 200 милиони евра.