Останати спортови

Тадеј Погачар го откажа настапот на Олимписките Игри во Париз

Тадеј Погачар го откажа настапот на Олимписките Игри во Париз

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Тој поради преголем замор го откажа настапот, објавија словенечките медиуми.

Селекторот на словенечката машка велосипедска репрезентација Урош Мурн ги објави имињата на велосипедистите кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз. Меѓу нив нема да биде Тадеј Погачар, кој поради замор го откажа учеството.

Неговото место ќе го заземе неговиот репрезентативен колега Домен Новак, соопшти раководството на словенечката репрезентација.

To top