Останати спортови

Светскиот рекордер сведочеше против својот татко

Светскиот рекордер сведочеше против својот татко

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригтсен, двократен олимписки шампион и светски рекордер на 1500 метри, сведочеше пред судот во Санднес на судскиот процес против неговиот татко и поранешен тренер Герт Ингебригтсен, кој се соочува со обвиненија за физичко и психичко малтретирање.

Јакоб во своето сведочење опиша детство обележано со страв и манипулации, нагласувајќи дека пораснал во атмосфера на целосна контрола.

„Пораснав во страв. Сè ми беше однапред одредено, и се чувствував како да немам збор”, изјави 24-годишниот спортист пред судот. Герт Ингебритсен, кој ги тренираше Јакоб и неговите браќа Филип и Хенрик до 2022 година, е обвинет за долгогодишно малтретирање кое вклучува наводни физички напади врз Јакоб и неговата помлада сестра Ингрид.

„Не знам точно колку пати ме удрише, но додека седев таму, ми изгледаше како многу долго. Некаде помеѓу 10 и 20 пати, а јас само се обидував да се заштитам“, се присетува тој на една случка.

 

 

To top