Останати спортови Дисквалификуван

Светски рекордер на 100 метри доби четири години суспензија поради ДОПИНГ

Асинга се обиде да докаже дека допингот влегол во телото поради бонбоните за џвакање „Gatorade“ (кои се користат како додаток во исхраната за спортистите). Но, дисциплинското тело не ја прифати оваа верзија.

Светски рекордер на 100 метри доби четири години суспензија поради ДОПИНГ

Светскиот рекордер на 100 метри до 20 години Исам Асинга е дисквалификуван поради допинг.

Деветнаесетгодишниот атлетичар од репрезентацијата на Суринам е суспендиран на четири години, соопшти независното атлетско тело АИУ. Во јули тој беше позитивен на забранетата супстанција GW1516.

Асинга се обиде да докаже дека допингот влегол во телото поради бонбоните за џвакање „Gatorade“ (кои се користат како додаток во исхраната за спортистите). Но, дисциплинското тело не ја прифати оваа верзија.

Во 2023 година, Асинга постави светски рекорд меѓу јуниорите до 20 години на трката на 100 метри. Тој патеката ја истрча за 9,89 секунди на првенството на Јужна Америка. Овој резултат, како и две победи на континенталниот шампионат ќе бидат поништени.

Според „Асошиетед прес“, тркачот има намера да поднесе жалба на дисквалификацијата до Судот за спортска арбитража (CAS). (МИА)

To top