Останати спортови

Свечено затворени ЗОИ во Италија

Свечено затворени ЗОИ во Италија

Милано и Кортина д’Ампецо беа домаќини на Зимските Олимписки Игри кои и официјално се затворени, а ќе се паметат по незаборавни моменти и нови рекорди.

Со спектакуларна церемонија на затворање во амфитеатарот во Верона, олимпиското знаме беше спуштено, но спомените за фер-плеј, заедништво и врвни спортски достигнувања останаа. Милано и Кортина 2026 ќе останат запишани со златни букви во историјата на зимските спортови.

Норвешка е најодликуваната нација на овие Игри со најмногу медали – вкупно 41 медал, вклучувајќи 18 златни, нов рекорд на Зимските олимписки игри.

Соединетите Американски Држави завршија на второто место во генералниот пласман со 33 медали (12 златни).

To top