Австралискиот хокеар Том Крег, кој беше уапсен за време на Олимписките игри во Париз при обид да купи кокаин, е суспендиран на 12 месеци, објави Австралиската хокеарска асоцијација (Хокеј Австралија).
Крег ќе мора да отслужи најмалку половина од суспензијата, која започна на 9 септември, а преостанатите шест месеци ќе бидат условна казна, се вели во соопштението на Австралиската асоцијација за хокеј на трева.
Крег беше ослободен без обвинение, но доби предупредување од судијата откако француската полиција го уапси за наводен обид да купи кокаин во Париз неколку дена по поразот на Австралија во четвртфиналето на хокејскиот турнир со 0-2 од Холандија.