Останати спортови

Струмица и Работнички во ЛШ домаќини во салата „Парк“ во Струмица

Струмица и Работнички во ЛШ домаќини во салата „Парк“ во Струмица

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги одреди термините за првите натпревари на македонските шампиони Струмица и Работнички во елиминациските кола од ЦЕВ Лигата на шампионите.

Струмица и Работнички , двата тима ќе бидат домаќини во салата „Парк“ во Струмица.

Струмица во рамките на 1. коло од квалификациите во ЦЕВ Лигата на шампионите ќе го пречека грчки Олимпијакос и тоа на 17 септември од 19 часот. Судии на мечот ќе бидат Ивајло Иванов од Бугарија и Мациеј Твардовски од Полска.

Работнички својот меч со Волунтари ќе го одигра на 2 октомври во салата „Парк“ во Струмица. Дуелот е закажан со почеток од 19 часот, а судии на средбата ќе бидат Ердал Акинчи од Турција и Константин Јовчев од Бугарија.

To top