Останати спортови

Струмица 47&72 и Штип УГД експресно до финале во одбојкарскиот плеј-оф

Струмица 47&72 и Штип УГД експресно до финале во одбојкарскиот плеј-оф

Двата најдобропласирани тима по завршувањето на регуларниот дел од сезоната Штип УГД и Струмица 47&72 ќе играат за шампионската титула во финалето на плејофот во машка конкуренција.

Штип УГД запиша две максимални победи над Универзитет во Тетово и со тоа ја продолжи победничката серија во меѓусебните дуели сезонава.

Во иста позиција се најде и Струмица 47&72 која доминираше и во двете полуфинални средби со велешки Борец.

Штип УГД и Струмица 47&72 пред две недели се соочија во финалето од Купот на ОФМ 2025 во Радовиш кога штипскиот состав го одбрани куп-пехарот.

Во финалната серија Струмица 47&72 ја има улогата на бранител на трофејот, додека одбојкарите на УГД ќе атакуваат на првата шампионска титула во клупската историја.

To top