Норвежанката Ана Одина Стром победи вечерва на големата скокалница на Олимписките игри 2026.
Дваесет и седумгодишната Стром освои 284,8 поени по двата скока.
Ова е трет медал за Стром на Олимписките игри во Италија, претходно таа освои злато на малата скокалница и сребро во мешано екипно натпреварување.
Норвешката Еирин Марија Квандал заврши втора (282,7 поени), додека Ника Превц од Словенија го освои третото место (271,5).