Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас славеше во финалето против Каспер Руд со 2:0 во сетови.
Циципас доминираше и му дозволи на противникот вкупно само пет гема. Во првиот сет Руд освои само еден гем (6:1), додека вториот беше нешто понеизвесен и заврши 6:4.
За Циципас ова е трета титула во Монте Карло откако претходно триумфираше тука во 2021 и 2022 година. Денешниот триумф за Циципас значи и враќање во топ 10 на АТП листата.