Стефанос Циципас доживеа елиминација уште во второто коло на Вимблдон.
Гркот беше поразен од 87. тенисер на светот Емил Русувуори со 3-1 во сетови. Помалку од три часа траеше оваа пресметка која заврши со 7-6 7-6 3-6 6-3, односно со овој триумф Финецот за прв пат во кариерата успева да дојде до трето коло на грен слем турнир.
Саша Зверев пак лесно дојде до следната фаза во пресметката со Маркос Гирон кого го совлада со 6:2, 6:1, 6:4 по само 94 минути игра.
Од позвучните имиња втората рунда ја минаа Фриц и Руне, а елиминиран беше Русинот, Хачанов.