Останати спортови ЗОИ 2026

Ставре Јада денеска ќе настапи на ЗОИ

Од четирите македонски учесници на Олимпијадата, прв ќе настапи Ставре Јада, утрово околу 10 часот во спринтот крос-кантри.

Ставре Јада денеска ќе настапи на ЗОИ

На Олимписки игри 2026 во Милано и Кортина, денес ќе бидат доделени девет комплети медали.

Ќе бидат одликувани најдобрите во:

алпско скијање (женски спуст и слалом)

скијање слободен стил (машки слоупстајл)

биатлон (машки 20 км индивидуално)

скијање крос-кантри (машки спринт)

скијање крос-кантри (женски спринт)

сноубординг (женски биг-ер)

брзо лизгање (машки 1.000 метри)

санкање (женски поединечно)

карлинг (мешани двојки).

Од четирите македонски учесници на Олимпијадата, прв ќе настапи Ставре Јада, утрово околу 10 часот во спринтот крос-кантри.

Норвешка е лидер на табелата медалисти со три злата, еден сребрен и два бронзени медали. Швајцарија е втора која има исто така три златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал.

To top