Новата година во авто-мото спортот започнува со 46. издание на најдолгата песочна офф-роуд рели трка – „Рели Дакар“.
Организаторите ветуваат дека ова ќе биде најдолгиот и најтешкиот релис-спектакл организиран во Саудиска Арабија.
Оваа година рутата ќе им овозможи на своите учесници возење низ бескрајни пустински дини, планини и огромни „празни” пустински површини, дел од територијата на Саудиска Арабија.
Релито трае две недели, една етапа е со должина од 450 километри, а победникот ќе треба да извози 7.891 километри, од кои 4.727 километри се специјални етапи, во кои има тајмер и временски рок кога треба да се комплетираат.