Стан Вавринка, еден од најпрепознатливите и најпочитувани тенисери на својата генерација, официјално најави дека ќе ја заврши професионалната кариера по завршувањето на сезоната 2026.
Со тоа, светот на тенисот се подготвува да се прости од еден од последните големи мајстори на еднорачниот бекхенд, удар што стана негов заштитен знак и симбол на еден посебен стил.
Швајцарецот зад себе остава импресивна и уникатна кариера, крунисана со три титули од Грен слем турнирите.
Неговите најсветли моменти се поврзани со победи против најголемите имиња на оваа ера, во мечеви кои одамна се сметаат за класика на модерниот тенис.