Српскиот пливач Урош Николиќ е суспендиран на една година поради користење недозволени супстанци со што ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз.
Урош Николиќ, како член на српската штафета 4 х 100 слободно, беше позитивен на допинг тест за време на Светското првенство во Доха во февруари годинава.
Тогаш во неговото тело било утврдено присуство на псеудоефедрин. Урош користел лек против алергија во кој имало одредена доза на недозволена супстанција.