Останати спортови

Сребрен медал за Витомир Трајковски на Европското првенство во карате

Сребрен медал за Витомир Трајковски на Европското првенство во карате

Витомир Трајковски го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тбилиси, Грузија, откако финалето со Ерменецот Гор Нерсисјан заврши 3-3. Но, правилото прв освоен поен беше против него.

Сепак, ова е голем успех за каратистот на Макпетрол. Тој ја продолжи традицијата на освојување медали од големите натпреварувања, посебно од европските првенства.

Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.

Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој ги оствари следните резултати против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Членот на карате клубот „Макпетрол“ во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.

To top