Сопствениците на Формула 1, „Либерти Медиа“ објавија дека ги ставаат на продажба дел од акциите во Формула 1.
Американската компанија која ги поседува правата на серијата ќе продаде повеќе од 12 милиони акции и се очекува да собере 825 милиони долари.
Според информациите кои с епојавија во јавноста, „Либерти Медиа“ се подготвува да собере доволно средства за да тргне во купување на Мото Гп натпреварувањето. Актуелен сопственик на Мото ГП е компанијата „Дорна“.
Ако се оди според планот, „Либерти Медиа“ ќе станат сопственици и на второто по квалитет авто-мото натпреваривање до крајот на годината.