Мото ГП шампионатот ја извести јавноста дека има нов сопственик, а тоа е компанијата „Либерти Медиа“. Таа со години ја води Формула 1, а сега и е потврдена сопственоста и на Мото ГП.
За купувањето се шпекулира со месеци, а се проценува дека договорот меѓу „Дорна“ и „Либерти Медиа“ за Светскиот шампионат во мотоциклизам е вреден повеќе од четири милијарди долари.
Според договорот, „Дорна“ ќе остане независен ентитет во Либерти и ќе продолжи да го контролира првенството.
Тоа значи дека Кармело Еспелета останува на чело на Мото ГП шампионатот, како и дека седиштето ќе остане во Мадрид.