Останати спортови

Сојузот на спортови на град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

Сојузот на спортови на град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

Сојузот на спортови на Скопје денеска на церемонијата која се одржа во СЦ „Јане Сандански“ ги додели наградите „13 Ноември“.

Наградата „13 Ноември“ за спортист на Скопје му припадна на Бобан Илијоски, нашиот кик-боксер кој стана европски шампион.

Со награди „13 Ноември“ се закитија и нашата фудбалска судијка Ива Пројковска, Игор Паскоски, тренер на џудо клубот Миоки Клуб Скопје, Зоран Карановиќ, генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Јана Серафимовска, спортски новинар, Јетон Муслиу, професор во Основно училиште, СУГС Никола Карев за прво место на Европско Првенство во кошарка – машки, како и за Владимир Богоевски, нашиот поранешен одбојкар, кој ја доби наградата за животно дело.

Поврзани теми

To top