Кенијката Рут Чепнгетич го собори светскиот рекорд во маратон за жени. 30-годишната Кенијка финишираше за 2 часа, 9 минути и 57 секунди, со што стана првата жена во историјата што истрчала 42 километри и 195 метри за помалку од 2:10.
Победник на машкиот маратон беше Џон Корир од Кенија, кој патеката ја мина за 2 часа, 2 минути и 44 секунди.