Италијанскиот тенисер Јаник Синер обезбеди полуфинале на турнирот во Синсинати откако беше подобар од Русинот Андреј Рубљев со 2-1 во сетови 4-6,7-5,6-4. До победата Синер стигна за 146 минути игра.
Противник на Синер во полуфиналето ќе му биде Зверев кој го елиминираше Бен Шелтон.