По борба од три часа и три минути игра, светскиот рекет број еден Јаник Синер го победи 25. носител Британецот Џек Дрејпер со 7-5, 7-6/3, 6-2 и се пласира во финалето на УС Опен.
Синер ја оправда улогата на фаворит и стигна до првото финале во кариерата во Њујорк. Така по победата на Австралија опен ќе има можност да ја заокружи годината со триумф и на Флешинг Медоус.
Противник во финалето на Синер ќе му биде победникот од американското полуфинале меѓу Тиафо и Фриц.