Јаник Синер дојде до уште еден голем резултат во оваа 2024 година откако триумфираше на последниот календарски грен слем „Ју-Ес Опен“.
-Ако не уживате во победата, сè е бескорисно. Кога постигнувате одредени цели, мора да уживате во нив. Не постои правило за тоа колку дена да се земе. Јас и мојот тим добро се познаваме, знаеме дека по овој турнир ќе ми требаат уште 4-5 дена одмор од вообичаеното, -порача првито светски рекет.
Синер викендов ќе му се приклучи на италијанскиот Дејвис куп тим, но таму ќе биде само како навивач.