Јаник Синер и Стефанос Циципас обезбедија осминафинале на Аустралијан Опен без загубен сет на мечевите кои ги играа утринава во Мелбурн.
Синер почна со сет во кој противникот Себастијан Баез не освои ниту еден гејм, со што јасно му стави на знаење дека сака брзо да ја заврши работата, а следните два сета ги доби со 6:1 и 6:3 за убедливи 3:0.
Циципас за противник го имаше Холанѓанецот Лука ван Аш, а по 6:3 во првиот сет, во вториот не загуби гејм, за мечот да го затвори со 6:4 во третиот сет.
Противник во следната рунда ќе му биде Американецот Тејлор Фриц, кој утринава го победи Марошан со 3:1 во сетови. Синер пак ќе се подготвува за Русинот Хачанов.