„Зелената група“ на завршниот Мастерс во Торино заврши на најдраматичен можен начин, бидејќи последниот меч одлучуваше за тоа кој ќе биде вториот патник во полуфиналето.
Јаник Синер беше во оваа фаза уште пред да излезе на теренот во својата родна земја, па иако многумина шпекулираа дека ќе одигра без мотив и дека ќе загуби од Холгер Руне, на крајот Италијанецот не калкулираше и со триумфот го однесе Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Србинот чекаше услуга од младиот Италијанец и претходно изјави дека нема да навива за него, но Јаник одигра максимално професионално и после речиси три часа го доби трилерот со упорниот Данец.
Foto:twitter.com/atptou