Останати спортови

Синер: Алкараз е неверојатен тенисер

Синер: Алкараз е неверојатен тенисер

Првиот тенисер на АТП листата го надигра во финалето Шпанецот Карлос Алкараз, за кого имаше само пофални зборови, најавувајќи дека нивното ривалство ќе расте уште повеќе во иднина.

„Неверојатен турнир за мене и мојот тим. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја чувствував овие две недели во Лондон. Не ми пречеа звуците од шампањите, знам дека и навивачите сакаат да се забавуваат, ова е скап турнир и за нив. Карлос одигра феноменално, навистина е лудо каква техника поседува. Нашиот однос е прекрасен надвор од терените, а се надевам дека ривалството ќе расте уште повеќе во иднина. Мислам дека пред нас се светли години, исполнети со уште многу квалитетни дуели“, рече Синер.

Синер со оваа победа уште повеќе ќе се зацврти на лидерското место на АТП листата. За победата на Вимблдон, Италијанецот ќе добие парична премија во висина од три милиони фунти.

To top