Симона Халеп најави дека ќе се повлече од тенисот доколку нејзината жалба не биде прифатена и усвоена.
Романската тенисерка истакна дека најверојатно ќе објави крај на кариерата, доколку судот за спортска арбитража не ја усвои нејзината жалба околу суспензијата која и ја спакуваа.
Да потсетиме, поранешната прва тенисерка во светот е привремено суспендирана, поради наводно тврдења дека е вмешана во допинг консумирање во октомври 2022 година, што значи дека нејзината забрана би траеал до 6. октомври 2026 година, а тоа ќе значи дефинитивен крај за неа.
Тридневното рочиште пред судот за спортска арбитража, по нејзино барање е закажано за почетокот на февруари.
– Четири години е многу за мојата фаза од кариерата, не знам како ќе го поднесам тоа, ако не ми ја усвојат жалбата, веројатно тоа ќе биде крај за мојата кариера, порача Халеп за Еуроњуз.
Халеп е двократен освојувач на гренд слем турнирите, во 2018 година го освои Ролан Гарос, а година дена подоцна и Вимблдон.