Останати спортови зои 2026

Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот

Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот

Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап.

Јада патеката долга 1,6 км. во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач.

Со постигнатото време јада го освои 89.место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето.

Во финалето се пласираа 30 натпреварувачи, а последниот кој ги поминаа квалификациите има време 3:18.73 минути.

Теми на денот

To top