Американката Сиднеј Меклафлин-Леврон го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на националните олимписки квалификации во Јуџин, пренесува „ЕСПН“.
Меклафлин-Леврон (24) ја истрча делницата за 50,65 секунди, а со тоа обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз.
Американската атлетичарка го собори сопствениот рекорд што го постави во 2022 година на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).
Меклафлин-Леврон освои златни медали на 400 метри со пречки и штафета 4×100 метри на Олимписките игри во Токио 2021 година.
50.65! A NEW WORLD RECORD FOR SYDNEY MCLAUGHLIN-LEVRONE 👏 #TrackFieldTrials24 pic.twitter.com/j57bj8qIgY
— NBC Sports (@NBCSports) July 1, 2024