Светскиот рекет број еден Ига Швјонтек ја пофали Русинката Екатерина Александрова од која вчера загуби во четвртото коло на ВТА 1000 турнирот во Мајами.
Александрова победи со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2.
– Се разбира, разочарана сум бидејќи мислев дека ќе играм подобро овде во Мајами. Но, таа одигра неверојатен натпревар и секако ја заслужи победата. Тешко ми беше да го прифатам нејзиниот стил. Бев малку напната кога не можев добро да го изведам сервисот, изјави Швјонтек за „Tennis World USA“.
Во четвртфиналето на турнирот во Мајами, Александрова ќе се сретне со Американката Џесика Пегула.