Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше на последниот ВТА турнир оваа сезона, објавија организаторите на турнирот.
Завршниот ВТА турнир ќе се одржи во Саудиска Арабија од 2 до 8 ноември.
Дваесет и тригодишната Швјонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз.
Покрај тоа, годинава Швјонтек го освои Грен слемот Ролан Гарос, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мадрид и Рим. (МИА)