Едно најново истражување покажа дека времетраењето на дневната физичка активност е од клучно значење за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
Времето што го поминуваме во седење е поврзано со ризиците од заболување од дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Истражувањето на Универзитетот Оребро покажа дека токму дневната доза физичка активност е најважна и дека интензивното вежбање само за викенди не надоместува за континуираното седење за време на работната недела.
Резултатите покажаа дека е важно да се инсистира на што е можно поредовна и поинтензивна физичка активност, особено кај постарите луѓе, а тука не спаѓа лесното пешачење, туку брзото одење што бара напор.
Во истражувањето учествувале 120 жени на кои им биле направени медицински испитувања во текот на една недела, а нивото на нивната физичка активност било следено со акцелерометар.
Заклучокот е дека негативните ефекти од долготрајното седење се намалуваат со редовната физичка активност, како десет минути брзо, енергично одење, секој ден.
Поинтензивното вежбање, како трчање, аеробик, возење велосипед и правење кардио вежби, има само поголем бенефит во насока на заштита од ризиците од кардиоваскуларни болести, особено кај луѓето над 60 години.