Останати спортови

Штип УГД со пораз од Милано го заврши настапот во Челинџ Купот

Штип УГД со пораз од Милано го заврши настапот во Челинџ Купот

Екипата на УГД Штип се збогуваше со настапите во Челинџ купот на ЦЕВ, откако и вторпат загуби од екипата на фаворизираниот Милано со убедливи 3-0, по сетови 25-18, 25-19 и 25-17.

Македонскиот претставник испиша историја со пласманот во 1/16 финалето на ова натпреварување.

И покрај двата порази од италијанскиот претставник, нашиот тим се прикажа во солидно светло во европски рамки.

За потсетување, УГД Штип претходно го елиминираше тимот на Кол Ил од Норвешка, кој беше совладан со „златен сет“, по што следуваше двобојот со големиот фаворит од Италија.

Штип УГД пред само две недели стана есенски шампион, а оваа сезона ќе остане запаметена по историскиот резултат во европски рамки, кој сигурно ќе претставува мотив повеќе за подобри континентални изданија во иднина.

To top