Одбојкарите на Штип УГД го одбранија трофејот во Купот на Макеоднија. Ова откако во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, славеа во големото финале против велешки Борец со 3:1 во Сетови.
Во првиот сет, штипоската екипа беше доста подобра.
Направи добра разлика уште во средишницата го добија 25-17. Во вториот сет Борец беше оној кој ја наметна својата игра и го доби сетот со 21-25.
Третиот сет беше исклучително неизвесен. Пет сеп топки не искористијан одбојкарите на Борец, па се играше на разлика. На крајот тимот на УГД Штип стигна до сетот за водство од 2:1, добивајчи го со 32-30.
Тука како да спласна нежите на велешани коишто во последниот сет одиграа многу послабо од очекувањата и штипјани славеа 25-13.
За УГД Штип, ова е трета титула во третото нивно финале во купот, а Борец кој го одигра петтото финале, останува на трофејот освоен во 1994 година