Одбојкарите на Штип УГД втора година по ред успеаа да го освојат трофејот во Купот на Македонија.
Избраниците на Кристијан Ристески во битката за титулата го совладаа составот на Струмица со 3-0 во сетови. Се играше рамноправно во сите три сета, но Штип УГД беше за нијанса подобара и со 25:21, 26:24, 25:21 дојде до уште еден пехар во своите витрини.
Играч на мечот на соочувањето во салата „25. Мај“ во Радовиш беше организаторот на играта Давид Стојанов кој воедно беше прогласен за најкорисен одбојкар на завршницата на Купот на ОФМ.
Во женското финале Наковски Волеј беше подобар од Јанта Волеј Кисела Вода со 3:2 во сетови.