Останати спортови

Штефан Крафт ја отвори сезоната во ски-скокови со две победи во Финска

Штефан Крафт ја отвори сезоната во ски-скокови со две победи во Финска

Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт втор ден по ред оствари убедлива победа на големата скокалница во Рука, Финска на стартот од новата сезона на Светскиот куп во ски-скокови.

За двојната победа на Австријците се погрижи Јан Херл, кој заврши како втор. Во двете неделни серии Крафт имаше најдолги скокови од 148,5 метри, а беше толку технички надмоќен што зад себе го остави сонародникот Херл (144,5 и 145 м.) за дури 22,6 поени.

Зад двајцата австриски скокачи се најдоа дури тројца Германци, од кои најдобар беше Андреас Вилингер (143,5 и 146 м.), кој го освои третото место. Следниот викенд скокачите ќе се борат за нови бодови во Лилехамер, Норвешка.

To top