Останати спортови СКАНДАЛ НА ПОВИДОК

Шефот на Ред Бул е под истрага

Шефот на Ред Бул е под истрага

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, барем според пишувањата на светските медиуми е под истрага поради неприкладно однесување кон една девојка во тимот.

Да потсетиме дека Хорнер е оженет со позната пејачка Гери Халовеј, некогашна членка на мега – популарната група “Спајс грлс“.

Портпаролот на Ф1 ги потврдил овие наводи и дека е покрената истрага за однесувањето на Хорнер. Инаку тој демантира се она што е поврзано со овој случај.

Исто така и членовите на тимот со кои новинарите контатирале се шокирани од се ова во врска со Хорнер.

To top