Шарл Леклер маестрално ја одработи стратегијата и успеа да мине прв низ целта, пред Оскар Пиастри и Ландо Норис, за големо славје во Монца.
Ландо Норис ја поведе трката од пол-позиција, но беше претекнат од тимскиот колега Оскар Пиастри веќе во втората шикана.
Британецот не го очекуваше овој атак, па мораше да забави за да не дојде до контакт а ова го искористи Шарл Леклер, кој веднаш изби на втората позиција.
Ландо Норис со рано влегување во бокс се врати на второто место, и Мекларен имаше еден-два, но кога тие по втор пат менуваа гуми, Шарл Леклер остана на патеката, одлично ги менаџираше гумите, извозе дури 38 круга со еден сет на тврди гуми, па на крајот стигна до втората победа оваа сезона.
Оскар Пиастри притискаше до самиот финиш, но мораше да се задоволи со второто место, а Ландо Норис се искачи на последното место на пиедесталот, и пропуштија добра шанса додатно да ја намалат предноста на Макс Верстапен во генералниот пласман.