Шпаскиот тенисер Карлос Алкарас сензационално е елиминиран уште во второто коло од 74-тиот тенисер во светот, Ботит ван де Зандшулп со убедливи 3-0 во сетови.
Мечот помеѓу шпанскиот и холандскиот тенисер траеше само два часа и 21 минута и заврши во корист на Ван де Зандшулп со 6-1, 7-5 и 6-4.
„Немам борови. Ова беше неверојатно. Полн сум со самодоверба после победата над Денис Шаповалов и од првиот поен играв цврсто и добро. Верував во себе и гледате како заврши натпреварот.“ – рече Ван де Зандшулп, кој никогаш претходно нема победено тенисер од ваков ранг.