Останати спортови

Се отвори зимскиот преоден рок во одбојкарските првенства

Се отвори зимскиот преоден рок во одбојкарските првенства

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството ќе биде активен од 3. до 17. јануари 2026 година.

Во овој период домашните играчи ќе можат да ја менуваат клупската средина во пресрет на продолжението од сезоната.

Овој трансфер период е наменет и за пријавување на странски играчи со меѓународен ФИВБ сертификат, како и за домашни играчи кои играле во странство во првиот дел од сезоната.

Вториот дел од сезоната во Првата лига мажи и Првата и Втората лига жени стартува на 24 јануари.

To top