Останати спортови

Сапуницата продолжува, Синер ги отпушти соработниците кои ги обвини за допинг

Сапуницата продолжува, Синер ги отпушти соработниците кои ги обвини за допинг

Јаник Синер, моментално тенисер број еден на планетата, реши комплетно да го реконструира тимот по сето она низ кое помина во последно време.

За него целиот случај трае од март, но за јавноста дури од пред три дена кога и официјално беше објавено дека добил два позитивни резултати за допинг.

Италијанскиот тенисер ја прекина соработката со Џакомо Налди и Умберто Фераро, од кои двајца ги обвини за допинг, објави „Кориере дело спорт“. Беше истакнато дека одлуката е трајна, а не само привремено решение.

Во неговите резултати, пронајден е нанограм клостебол, кој е класифициран како стероид и забранета супстанција.

Ферера се грижеше за сите детали од животот на Синер, а не само за фитнесот, што беше негова примарна грижа.

Не му дозволувал на Синер да јаде одредена храна, а иако фармакологот „не знаел“ дека клостеболот е состојка од спрејот што му го дал на физиотерапевтот, кој подоцна од негово невнимание го втрил во една од раните на кожата на Синер.

To top