Белоруската тенисерка Арина Сабаленка зборуваше на темата за еднакви парични награди во машка и женска конкуренција.
„Од ТВ гледна точка, од гледна точка на билети, од секоја гледна точка, неправедно е жените да не заработуваат исто. Секако, момците секогаш ќе бидат физички посилни од жените, но тоа не значи дека не работиме толку напорно како тие. Жените заслужуваат да бидат платени исто колку и мажите“, изјави втората тенисерка во светот.
Сабаленка ја направи најдобрата можна увертира пред почетокот на последниот грен слем сезонава во Њујорк.
Белорусинката ја освои титулата во Синсинати откако ја совлада Американката Џесика Пегула.